Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше совршен почеток на натпреварот против Пафос во Конференциската лига, откако уште во првата минута ја затресе мрежата на кипарскиот тим.
Елмас одлично реагираше во шеснаесетникот на гостите и ја искористи првата сериозна можност на мечот, носејќи му предност на Аталанта од 1-0 по само 45 секунди игра.
За македонскиот фудбалер ова е посебен погодок, бидејќи е негов прв европски гол во дресот на италијанскиот клуб.
Со раниот погодок, Елмас уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма и дека е важен дел од тимот на Аталанта во европските натпреварувања.
🚨 Eljif Elmas is in first minute.
🇮🇹 Atalanta 1-0 Pafos 🇨🇾
https://t.co/mCpQktUsDW
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 15, 2026
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
