Култната македонска група „Меморија“ ќе го отвори годинашното издание на „Ohrid Wine Festival Vol. 5“. Бендот ќе настапи на 25 јуни на сцената поставена на охридскиот кеј, како дел од музичката програма што ќе се одвива во текот на трите фестивалски вечери.
Со своите добро познати песни и препознатлив звук, „Меморија“ ќе донесе вечер исполнета со емоции, силна енергија и рефрени што публиката ги пее заедно со бендот. Настапот ќе биде дел од винската приказна која од 25 до 27 јуни ќе ги спои музиката, виното и препознатливата охридска езерска атмосфера.
Организаторите порачуваат дека публиката ја очекува вечер во која се спојуваат емоција и музика, истакнувајќи дека постојат песни што не стареат и концерти што се доживуваат заедно.
„Меморија“ е само еден од учесниците во музичката програма на петтото издание на фестивалот, а во наредниот период ќе бидат најавени и останатите изведувачи.
„Ohrid Wine Festival Vol. 5“ ќе се одржи од 25 до 27 јуни на охридскиот кеј.
