Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » (Видео) Дневен времеплов – 17 ноември
    Времеплов

    (Видео) Дневен времеплов – 17 ноември

    18/11/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Враќање во минатото.

    Што се случило на денешен ден?

    Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ

    На денешен ден во 1558 година починала англиската кралица Мери I Тудор, која се обидела да ја врати Англија под папско влијание и поради прогонството на протестантите ја добила прекарот Крвава Марија, по што на престолот се искачила нејзината сестра Елизабета I.

    На денешен ден во 1800 година американскиот Конгрес за првпат се состанал во новиот главен град Вашингтон, а претседателот Џон Адамс станал првиот станар на подоцна познатата Бела куќа.

    На овој датум во 1869 година бил отворен Суецкиот канал, изграден под раководство на Фердинанд де Лесепс, поврзувајќи ги Средоземното и Индискиот океан.

    На овој датум во 1913 година првите бродови поминале низ Панамскиот канал, кој официјално ќе биде отворен една година подоцна.

    На денешен ден во 1917 година умрел Огист Роден, големиот француски скулптор чија работа оставила длабока трага врз европската уметност.

    На денешен ден во 1938 година починал Анте Трумбиќ, еден од клучните политички актери во формирањето на југословенската држава по Првата светска војна.

    На овој датум во 1947 година била отворена пругата Шамац–Сараево, изградена од младинските бригади од цела Југославија.

    На денешен ден во 1954 година Гамал Абдел Насер станал шеф на државата во Египет по падот на претседателот Мохамед Нагиб.

    На овој датум во 1976 година Кина ја изведе најголемата нуклеарна експлозија во атмосферата.

    На денешен ден во 1989 година протестите во Прага прераснале во масовен марш против социјалистичката власт, со бројни уапсени и повредени.

    На овој датум во 1989 година 90 рудари загинале во една од најтешките несреќи во рудникот „Морава“ кај Алексинац.

    На денешен ден во 1997 година милитантната организација „Ал Гама ал Исламија“ убила 62 лица во напад кај храмовите во Луксор.

    На денешен ден во 1998 година израелскиот Кнесет го ратификувал „Патниот договор“ за пренос на делови од окупираните територии на палестинската самоуправа.

    На овој датум во 2001 година во Косово се одржале првите парламентарни избори по доаѓањето на меѓународните сили, со убедлива победа на ДСК на Ибрахим Ругова.

    На денешен ден во 2005 година Ричард Холбрук ја добил Дејтонската награда за мир за својата улога во завршувањето на војната во БиХ.

    На овој датум во 2013 година 50 лица загинале во авионска несреќа при слетувањето на аеродромот во Казан, Татарстан.

    На денешен ден во 2015 година Институтот за економија и мир објавил дека во 2014 година биле убиени 32.658 луѓе во терористички напади, со драматичен раст во однос на 2013 година.

    На овој датум во 2018 година по една година потрага, на длабочина од 870 метри бил пронајден потонатиот брод на аргентинската подморница со 44 членови на екипажот.

    видео времеплов да си припомнеме на денешен ден
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Дневен времеплов – 07 април

    07/04/2026

    (Видео) Дневен времеплов – 06 април

    06/04/2026

    (Видео) Дневен времеплов – 03 април

    03/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.