Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог: Посветени сме на стабилен економски раст со фокус на реформи и одржливи јавни финансии во услови на глобална неизвесност
    Времеплов

    Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог: Посветени сме на стабилен економски раст со фокус на реформи и одржливи јавни финансии во услови на глобална неизвесност

    05/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Одржливите јавни финансии и макроекономската стабилност се клучни во услови на зголемена глобална неизвесност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето обраќање на Економскиот и финансиски дијалог, кој што се одржа денеска во Брисел.

    Во рамки на 12-oт Економски и финансиски дијалог се дискутираше за економскиот развој, предизвиците и плановите, а беа усвоени и препораки за таргетирани политики за секоја земја, коишто треба да се спроведат во наредниот период.

    „Ограничениот фискален простор е најитното прашање пред министрите за финансии по неколку последователни кризи и силната фискална поддршка обезбедена за време на пандемијата“, истакна министерката.

    Таа нагласи дека, и покрај предизвиците поврзани со глобалните случувања и новите енергетски притисоци, македонската економијата се очекува да продолжи со стабилен раст, со умерено забавување на краток рок и постепено забрзување на среден рок, при што внимателно се следат ризиците од влошување на геополитичката состојба.

    Ограничениот фискален простор, како што посочи министерката, претставува еден од клучните предизвици, што бара внимателно балансирање помеѓу потребата од инвестиции и одржувањето на фискалната стабилност.

    „Фискалната консолидација е постепена, а економскиот раст на Македонија во наредниот период ќе биде главно поттикнат од инвестиции во транспортната инфраструктура, здравството, образованието и земјоделството. Исто така, имајќи ја предвид брзата промена на геополитичката клима, енергетскиот сектор добива приоритет, бидејќи достапноста и пристапноста на електричната енергија стануваат клучни за растот, инвестициите и политичката агенда. Ова бара значителни напори за балансирање помеѓу финансиските потреби за инвестиции и ограничениот фискален простор“, кажа министерката.

    Дополнително, министерката потенцираше дека фокусот е ставен на спроведување реформи за подобрување на управувањето со јавните финансии преку постепена фискална консолидација, унапредување на управувањето со јавните инвестиции, дигитализација и воведување е-фактура, намалување на неформалната економија и подготовка на извештај за даночни расходи и ревизии на трошењето.

    Министерката посочи дека европскиот процес останува клучен двигател на реформите, коишто се насочени кон структурна трансформација на економијата, енергетска и дигитална транзиција и подобрување на деловното опкружување.

    Во заедничките заклучоци од состанокот беше нагласена потребата од продолжување на фискалната консолидација преку конкретни мерки со цел намалување на буџетскиот дефицит и создавање дополнителен фискален простор.

    Економскиот и финансиски дијалог претставува годишен дијалог за економска политика. На Економскиот и финансиски дијалог во Брисел учествуваат претставници на земјите членки на ЕУ, претставници на Европската комисија, Европската централна банка, како и министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Дневен времеплов – 07 април

    07/04/2026

    (Видео) Дневен времеплов – 06 април

    06/04/2026

    (Видео) Дневен времеплов – 03 април

    03/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.