Американец купил запуштена куќа во шумата за 5.000 евра и со помош на соседите целосно ја трансформирал. Погледнете како изгледа денес, а работите сè уште се во тек.
*Американскиот судија Рид купил куќа во шумата во Крапинско-Загорската жупанија за само 5.000 евра, иако е целосно запуштена и без патишта, струја или вода.
*Благодарение на поддршката од локалното население и помошта од општината, тој брзо напредувал во реновирањето и веќе по 70 дена куќата изгледа непрепознатлива.
*Рид го споделува својот напредок секојдневно – од расчистување на теренот до изградба на тераса и дрвена колиба – а следбениците со воодушевување ја следат неговата необична авантура.
Американецот Џастин Рид, кој со години патува низ земјите од поранешна Југославија, ова лето реши да направи голема промена во својот живот – купил куќа на Балканот за само 5.000 евра. Иако многумина веднаш би ја поврзале таа цена со сериозни проблеми, Рид влегол во оваа авантура полн со ентузијазам.
View this post on Instagram
Откако ја покажа состојбата на имотот и го најави почетокот на целосно реновирање, стана јасно дека го очекува многу попредизвикувачки потфат отколку што мислел. Куќата била целосно запуштена, среде шума, без патишта, електрична енергија и вода – практично отсечена од цивилизацијата.
View this post on Instagram
И’ покрај сè, Рид уште од првиот ден нагласил колку е воодушевен од топлината и поддршката на локалните жители, па неговите следбеници можеа да го гледаат како се бори со нови задачи секој ден, но и како, благодарение на соседите, напредува побрзо отколку што очекуваше.
View this post on Instagram
„Многу ми помогнаа, продолжуваат да ми помагаат и сум им многу благодарен. Од чистење на патот и дворот, па сè до работите што ги започнав. Со мене беше и претседателот на општината, ми вети помош со вода и пополнување на патот, за да може да се стигне до куќата со автомобил. Во секој случај, луѓето ми помагаат, ме покануваат кај нив на ручек или вечера, бидејќи знаат дека сум тука сам, без струја и вода“, изјавил тој за порталот Zagorje.com, кој открил дека Џастин Рид купил куќа во шумата во Крапинско-загорската жупанија во Хрватска.
Сега, по повеќе од 70 дена и секојдневни најави, тој веќе е на „деталите“, куќата изгледа непрепознатливо, а изградил и голема тераса во дворот, како и дрвена колиба што ќе служи како магацин. Погледнете како изгледа сè денес:Додади Коментар







