Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Утврдени уште осум кандидати за градоначалници од ВМРО–ДПМНЕ, кандидатот за Скопје ќе се знае во јули
    Политика

    Утврдени уште осум кандидати за градоначалници од ВМРО–ДПМНЕ, кандидатот за Скопје ќе се знае во јули

    14/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип избра уште осум кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Антонио Милошоски член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ информираше дека ИК донесе одлука да му предложи на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Македонски Брод кандидат за градоначалник да биде Жарко Ристески, кој е и актуелен градоначалник на оваа општина и во Општина Могила да биде актуелниот градоначалник Драганчо Саботковски.

    -За Пробиштип имаме кандидат којшто ќе се трка за градоначалник, Тони Тоневски, за Богданци ВМРО-ДПМНЕ го предлага Марјан Пеев, за Демир Капија ја предлагаме Наталија Димитриева, за Општина Росоман предлог за кандидат за градоначалник Ѓорги Крстевски, за Новица – Стевче Стевановски и за Дебарца – Златко Силјановски. Сметаме дека овие осум кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности, коишто својата активност ја докажале не само во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ туку имаат углед и во самите општини, изјави Милошоски.

    Тој истакна дека кандидатите за градоначалници ќе им биде препорачано да имаат што поголема комуникација со граѓаните, за да можат да работат на составување на своите Програми за локални избори, од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе им биде одреден и тим којшто ќе им помогне за одредени проекти, кои се од капитално значење.

    -Цениме дека со овие осум објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните, рече Милошоски.

    Прашан дали се во тек разговори за кандидат за градоначалник на Град Скопје, Милошоски одговори оти тие се во тек и дека кон средината на јули би имале одредено решение.

    -Сметам дека се водат одредени сондажи на терен, којшто би сакале да ги имаме во предвид и размислување на граѓаните за одредени можни кандидати. Но, наскоро мислам дека и тоа прашање ќе го обзнанинме и обелодениме, рече Милошоски.

    Тој истакна дека намера на ВМРО-ДПМНЕ е кандидати за градоначалници да ги објават пред Илинден, а какошто рече дали ќе остане уште некој кандидат не може да прејудицира. Но смета дека најголемиот број на кандидати ќе ги објават до крајот на јули, а за одреден број на општини ќе зависи и од тоа како ќе се договорот со партијата ЗНАМ, односно дали ќе се договорат да настапат заеднички само во една или можеби во две-три или во четири општини. Прашан дали како партија прават анкети и размислуваат за кандидат за градоначалник за Општина Кочани, Милошоски вели дека во оваа општина се посветени и приоритет им се поставени според потребите на семејствата на настраданите и на повредените, како и да бидат во комуникација со нив и да им бидат поддршка.

    -Се разбира дека ќе дојде и на ред прашањето за локалните избори. Но, досега не сме го отвориле тоа како тема за оваа Општина посебно, се надевам дека во идниот период ќе најдеме време за тоа да донесеме одлука, рече Милошоски.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВРЕДИ: Груби е црната кутија што држи во заложништво функционери од ДУИ

    22/04/2026

    Дали во СДСМ нешто не штима во односот лидер – градоначалници?

    22/04/2026

    Време е да се отворат сите досиеја за да се провери кој се и на каков начин добивал магистерски и докторски титули

    22/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.