Утрово дошло до сериозен инцидент на граничниот премин Градишка, откако бил оштетен мостот меѓу Стара Градишка во Хрватска и Босанска Градишка во БиХ.
Според информациите од Хрватскиот авто-клуб, сообраќајот преку мостот е целосно прекинат до понатамошно известување поради оштетување на конструкцијата.
Се урнал дел од оградата на стариот граничен премин, поради што е оневозможено движење и на возила и на пешаци. Засега не се познати причините за инцидентот, но оштетувањето претставува сериозен безбедносен ризик.
Нема повредени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







