Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго зема замав. Досега починале најмалку 118 лица, а има повеќе од 390 сомнителни случаи на зараза, додека вирусот почнал да се шири и во нови подрачја.
Светската здравствена организација прогласи меѓународна здравствена криза, а потврдени случаи веќе има и во соседна Уганда, каде што е регистриран и еден смртен случај.
Меѓу заразените е и американски лекар кој работел во Конго, додека уште неколку американски државјани се ставени во карантин поради можна изложеност на вирусот.
СЗО предупредува дека вистинскиот број на заразени може да биде многу поголем и дека постои сериозен ризик од ширење на еболата во регионот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







