Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа Трут сошал, објави дека одлучил да го одложи воениот напад врз Иран, закажан за денеска, по повиците од лидерите на Блискиот Исток, истовремено нагласувајќи дека им наредил на вооружените сили на САД да бидат подготвени веднаш да започнат со операции.
Трамп одлучи да го одложи нападот врз Иран откако разговараше со Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Претседателот на САД во пораката му се закани на Иран дека доколку не постигне договор прифатлив за Вашингтон, како и за сите земји од Блискиот Исток и пошироко, тогаш ќе нареди започнување на воени операции против Исламската Република.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







