Победникот на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, вчера изјави дека неговата влада ќе го суспендира емитувањето на државните медиуми, ќе усвои нов закон за медиуми, ќе воспостави нов орган за медиуми и ќе обезбеди слобода на печатот откако неговиот кабинет ќе ја преземе функцијата.
„Секој Унгарец заслужува јавен медиумски сервис кој ја емитува вистината”, рече Маѓар во интервју за државното радио Кошут.
Маѓар додаде дека ќе треба да разговара со раководството на нафтената компанија МОЛ и дека најважната задача во наредните недели ќе биде да се обезбеди снабдување со гориво.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
