Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев планира да
ги прошири нападите со дронови и ракети на дополнителни региони во
Русија.
– Способноста за удари на голема далечина е дел од нашата независност и
ќе биде најважна компонента во гарантирањето на мирот, рече Зеленски.
Во меѓувреме руските сили успеале да навлезат во стратегиски важниот
град за Украина – Покровск. Само во текот на вчерашниот ден се случиле
101 борбени судири меѓу украинските одбранбени сили и руските трупи.

