Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Украдени 40.000 литри „Гинис“ од магацин во Велика Британија
    Свет

    Украдени 40.000 литри „Гинис“ од магацин во Велика Британија

    06/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Британската полиција трага по сторителите на необична кражба, откако од магацин во близина на Ливерпул биле украдени околу 40.000 литри пиво „Гинис“, чија вредност се проценува на околу 155.000 американски долари.

    Кражбата се случила вечерта на 31 август во индустриска зона во Ранкорн, во северозападниот дел на Англија. Според полицијата на Чешир, двајца возачи пристигнале со камиони и ги одвлекле двете приколки натоварени со познатото ирско темно пиво.

    Во приколките се наоѓале околу 800 буриња „Гинис“, наменети за снабдување на пабови, додека самите приколки биле проценети на дополнителни 67.000 долари.

    „Позната е изреката дека ‘Гинис’ е добар за вас, но тоа важи само кога пивото е купено и платено“, изјавил детективот Гери МекКлачи, нагласувајќи дека полицијата ќе направи сè за да ја пронајде и врати украдената стока.

    Случајот потсетува на сличен инцидент во САД, каде пред неколку недели од магацин во Јужна Калифорнија беа украдени околу 34.000 лименки пиво „Пабст Блу Рибон“, вредни околу 70.000 долари.

    Тогаш производителот понуди награда од 20.000 долари за информации што ќе помогнат во пронаоѓањето на украденото пиво.

    Британските власти ја продолжуваат истрагата и апелираат до граѓаните кои имаат информации за украдените приколки или нивната содржина да се јават во полиција.

    Поврзани вести:

    Косово сака свој национален авиопревозник, инвестицијата може да достигне стотици милиони евра

    Косово сака свој национален авиопревозник, инвестицијата може да достигне стотици милиони евра

    Грција воведува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години од 2027 година

    Грција воведува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години од 2027 година

    Израел се подготвува за целосно затворање на Западниот Брег по смртоносен инцидент кај Хеброн

    Израел се подготвува за целосно затворање на Западниот Брег по смртоносен инцидент кај Хеброн

    Неверојатен пресврт во Аризона: Бебе прогласено за мртво било пронајдено живо во мртовечница

    Неверојатен пресврт во Аризона: Бебе прогласено за мртво било пронајдено живо во мртовечница

    Изборна тишина во Србија, 18 листи во трка за 250 пратенички места

    Изборна тишина во Србија, 18 листи во трка за 250 пратенички места

    Македонските граѓани сега полесно до туристичка виза за Саудиска Арабија

    Македонските граѓани сега полесно до туристичка виза за Саудиска Арабија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Косово сака свој национален авиопревозник, инвестицијата може да достигне стотици милиони евра

    23/10/2026

    Грција воведува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години од 2027 година

    23/10/2026

    Израел се подготвува за целосно затворање на Западниот Брег по смртоносен инцидент кај Хеброн

    23/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.