Утрово околу 2 часот на скопскиот аеродром биле уапсени 26 годишен Италијанец и 27 годишен Кинез. При извршената контрола, полициските службеници утврдиле дека двете лица приложиле фалсификувани документи при влез во Македонија.
Странците се задржани во Полициската станица Гази Баба, каде ќе се спроведат понатамошни мерки и постапки согласно законот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







