Товарниот брод „Фитбург“ оштетил подводни телекомуникациски кабли во Финскиот Залив, пренесуваат американски меидуми при што се уапсени двајца членови од екипажот.
Каблите што ги поврзуваат главните градови Хелсинки и Талин биле прекинати претходно оваа недела, а штетата била откриена вчера во естонската ексклузивна економска зона. Каблите се во сопственост на финската телекомуникациска компанија Елиса и се сметаат за витална подводна инфраструктура.
Хелсиншката полиција соопшти дека отворила истрага за случајот.
Бродот „Фитбург“ плови под знамето на Свети Винсент и Гренадини, а според податоците за поморски сообраќај, отпловил од Санкт Петербург до израелското пристаниште Хаифа. Во екипажот од 14 члена се вклучени државјани на Русија, Грузија, Азербејџан и Казахстан.
Началникот на финската полиција, Илка Коскимаки, претходно неделава изјави дека „Фитбург“ го влечел сидрото по морското дно со часови пред да биде забележан во ексклузивната економска зона на Финска.
Финската царина соопшти дека „Фитбург“ превезувал челик произведен во Русија, што е предмет на санкции наметнати од Европската Унија. Царинските власти, исто така, започнаа истрага за нелегалниот товар на бродот.
