Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Трговците, производителите и дистрибутерите на разговор со Дурмиши за цените на храната
    Економија

    Трговците, производителите и дистрибутерите на разговор со Дурмиши за цените на храната

    08/08/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши попладнево ќе има средба со трговците, производителите и дистрибутерите на која ќе стане збор за цените на прехранбените производи. Како што информира, ова ќе биде крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно. Во спротивно, најави, Владата ќе воведе ригорозни мерки.

    Дурмиши не прецизираше за какви мерки конкретно станува збор, ниту кога точно ќе бидат донесени.

    -Нашето барање е да дејствуваат соодветно, согласно економските трошоци што ги имаат, да не ги зголемуваат цените. Ова ќе биде крајна опомена, препорака и предупредување до нив. Во спротивно, ќе преземеме мерки кои ќе бидат ригорозни. Ако се однесуваат како претходните три месеци, ќе не доведат во ситуација да донесеме одлука што ќе биде многу построга. Нормално, ќе им излеземе во пресрет на граѓаните. Со тоа што ги викаме на средба, значи дека се подготвуваме за преземање мерки, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која ја промовираше училишната кошничка.

    Според него, инфлацијата „од трпезата премина на резервоарите“.

    -Во мај, по завршувањето на мерката, имавме инфлација во делот на храната и пијалаците од 1,1, а во јуни 0,8, сега е 0,3. Значи, цените се стабилизираат. Но, денеска повторно, иако цените се стабилизираат, ќе имам состанок со сите трговци, производители и дистрибутери. Очекувам најголемите дистрибутери и трговци да дојдат. Ќе бидете известени на време кои ќе бидат нашите идни чекори и кои мерки ќе ги пеземеме. Работиме на изнаоѓање долгорочно решение за индиректно да влијаеме врз инфлацијата, а тоа е да ги поддржиме домашните производители, особено земјоделците, за подолг период. Народната банка и Министерството за финансии на подолг период треба да се борат со инфлацијата, а Министерството за економија и Министерството за земјоделство работат во делот каде што се надлежни, потенцира Дурмиши.

    Одговорајќи на новинарски прашања, министерот рече и дека досега Законот за нефер трговски практики не е менуван.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.