Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Трамп за Политико: Европејците се слаби, Русија има силна позиција во војната против Украина
    Свет

    Трамп за Политико: Европејците се слаби, Русија има силна позиција во војната против Украина

    09/12/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека Европејците се слаби и дека Русија има силна позиција во војната против Украина.

    „Мислам дека тие (Европејците) се слаби, но исто така мислам дека сакаат да бидат политички коректни. Не мислам дека знаат што да прават“, рече Трамп во интервју емитувано денеска за британскиот портал Политико.

    Американскиот претседател ги обвини европските лидери за неактивност, наведувајќи дека имиграцијата ја загрозува одржливоста на неколку европски земји.

    Трамп повтори дека инвазијата на Украина никогаш немаше да се случи ако тој беше претседател на САД во 2022 година кога започна инвазијата, тврдејќи дека Киев изгубил „многу стратешка територија“.

    Американскиот претседател додаде дека Украина можеби ќе мора да прифати компромис.

    Според него, украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да одржи претседателски избори.

    „Мислам дека е важно да се одржат избори. Тие ја користат војната како изговор да не се одржат избори. Можеби Зеленски би победил. Не знам кој би победил. Но, тие немале избори долго време. Знаете, тие зборуваат за демократија, но во одреден момент, тоа веќе не е вистинска демократија“, рече Трамп.

    Тој го критикуваше украинскиот претседател за тоа што не ги проучил најновите мировни предлози.

    „Треба да ги прочита. На неговиот тим му се допадна предлогот. Навистина им се допадна“, додаде Трамп.

    Претседателот на САД обвини неколку европски влади дека им дозволуваат на милиони луѓе да влезат во Европа, осудувајќи ги „катастрофалните имиграциски политики“ кои наводно ги трансформирале градовите како Париз, Лондон и Стокхолм.

    Трамп рече дека „Европа е во опаѓање затоа што ја водат слаби лидери“.

    Во исто време, американскиот претседател ја потврди својата поддршка за европските лидери како што е унгарскиот премиер Виктор Орбан.

    Тој додаде дека нема планови да ги повлече САД од НАТО, но ја изрази својата желба Европејците „да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана“.

    Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, реагираше на обвинувањата на Трамп дека европските сојузници „зборуваат премногу“ и „испорачуваат премалку“ на Украина.

    Запрашан за коментарите за време на говорот во Даблин, каде што се појави заедно со ирскиот премиер Мајкл Мартин, Кошта рече дека „сојузниците мора да се однесуваат како сојузници“.

    „Ние сме сојузници на Соединетите Американски Држави и сојузниците мора да се однесуваат како сојузници. Тоа значи дека не треба да се мешаме во внатрешниот политички живот на нашите земји… Ние го почитуваме изборот на Американците и тие мора да го почитуваат демократскиот избор на нашите граѓани“, рече тој.

    Кошта беше меѓу европските претставници во Брисел синоќа кои разговараа со Володимир Зеленски.

    Поврзани вести:

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Г7 ќе ослободи до 100 милиони барели нафта и дизел за стабилизација на цените

    Г7 ќе ослободи до 100 милиони барели нафта и дизел за стабилизација на цените

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург

    Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    доналд трамп европа Украина
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    03/10/2026

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    03/10/2026

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.