Претседателот на САД, Доналд Трамп, му се закани на Би-Би-Си со тужба од
милијарда долари и им даде рок до петок да ги исправат грешките во
спорниот видео прилог и да посочат кој е директно одговорен за тоа.
Вчера генералниот директор на британски јавен ТВ сервис поднесе оставка
по обзнанувањата дека медиумот ги довел гледачите во заблуда со изменета
верзија на говор на Трамп, каде што надвор од било какви новинарски
стандарди биле лепени делови од негов говор со што се создало впечаток
дека тој повикувал свои поддржувачи да упаднат во Капитол.
И руските државни медиуми го прокоментираа овој скандал со пишувања дека
е време шефовите на Би-Би-Си да понесат одговорност и за континуираната
Русофобија во последната деценија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
