Тензиите меѓу САД и Иран растат. Вашингтон трупа многу оружје на Блискиот Исток, но Иран не прифаќа да му бидат наметнати ставови од САД.
Пратеникот на Вашинтон за преговорите со Техеран Стив Виткоф истакна дека Претседателот на САД Доналд Трамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал” и не се согласил да ја ограничи својата нуклеарна програма.
– Сепак, е тешко да се натераат да го сторат тоа, рече Виткоф.
Инаку, Техеран истакнува дека е подготвен за разговори, но и врши воени вежби и се закани дека ќе возврати со напад врз американските бази во регионот ако биде нападнат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
