Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД до крајот на годината ќе престанат да му исплаќаат годишна финансиска помош од четири милијарди долари на Израел, оценувајќи дека земјата повеќе нема потреба од тие средства.
Во интервју за телевизијата „Фокс њуз“, Трамп рече дека одлуката била донесена по договор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Нетанјаху и јас пред неколку месеци се договоривме да престанеме да му исплаќаме на Израел четири милијарди долари годишно. До крајот на годинава ќе престанеме. Давајќи им четири милијарди, тоа е вистина, но тоа ќе заврши. Зошто? Затоа што повеќе не им требаат“, изјави Трамп.
Тој додаде дека иницијативата за прекин на американската помош ја покренал самиот Нетанјаху, истакнувајќи дека тоа нема да влијае врз блиските односи меѓу двете држави.
Според Трамп, Израел и понатаму останува еден од најцврстите и најважните сојузници на САД.
