Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Полска ја засили безбедноста на границата со Русија по предупредувања за можна саботажа
    Свет

    Полска ја засили безбедноста на границата со Русија по предупредувања за можна саботажа

    02/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Полските власти ја зголемија безбедноста долж границата со Русија, откако минатата недела добиле предупредувања од военото разузнавање и од сојузничките служби за можни акти на саботажа, изјави шефот на полската полиција Марек Бороњ.

    Според него, едно од сценаријата што се разгледуваат е обид вооружена група да ја премине границата, но властите засега не соопштуваат дополнителни детали за добиените информации.

    Во седиштето на полската полиција во Варшава е формиран оперативен команден центар, а безбедносната операција се спроведува во Варминско-мазурското војводство долж границата со руската Калининградска област, како и во соседното Подлашко војводство, кое граничи со Литванија и Белорусија.

    Во акцијата се ангажирани полициски сили од повеќе региони, антитерористички единици, припадници на армијата, граничната стража и разузнавачките служби.

    „Полицијата ја обезбедува областа долж границата со Калининградската област поради можни настани што би можеле да доведат до акти на саботажа“, изјави Бороњ, додавајќи дека приоритет е заштитата на населението и критичната инфраструктура.

    Паралелно со операцијата на терен, полската полиција им наредила на специјалните единици од 2 до 8 ноември да останат во своите бази и да бидат подготвени за итно распоредување доколку биде потребно.

    Од полицијата соопштија дека службите се наоѓаат во состојба на зголемена готовност поради проценетите ризици од можни саботажи.

    Поврзани вести:

    Приведен Давор Мацура, бизнисмен близок до Српската напредна странка и сопственик на „Алта банка“

    Приведен Давор Мацура, бизнисмен близок до Српската напредна странка и сопственик на „Алта банка“

    (Видео) Деловен авион се урна во Флорида, загинаа девет лица – пилотите пријавиле проблеми пред падот

    (Видео) Деловен авион се урна во Флорида, загинаа девет лица – пилотите пријавиле проблеми пред падот

    Илијана Јотова е избрана за претседателка на Бугарија, освои 57,58 отсто од гласовите

    Илијана Јотова е избрана за претседателка на Бугарија, освои 57,58 отсто од гласовите

    Турција воведе забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

    Турција воведе забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

    Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: 16 загинати, меѓу нив и Македонецот Васко Саздовски

    Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: 16 загинати, меѓу нив и Македонецот Васко Саздовски

    Уапсен началникот на српската криминалистичка полиција Марко Кричак, засега непознати причините

    Уапсен началникот на српската криминалистичка полиција Марко Кричак, засега непознати причините

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Приведен Давор Мацура, бизнисмен близок до Српската напредна странка и сопственик на „Алта банка“

    02/11/2026

    (Видео) Деловен авион се урна во Флорида, загинаа девет лица – пилотите пријавиле проблеми пред падот

    02/11/2026

    Илијана Јотова е избрана за претседателка на Бугарија, освои 57,58 отсто од гласовите

    02/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.