Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека и самиот добил сообраќајна казна, која ја платил, посочувајќи дека сообраќајните правила мора да важат подеднакво за сите граѓани, без разлика на нивната функција или општествен статус.
Тој истакна дека во изминатиот период повеќе функционери, директори, но и претставници на верските заедници му кажале дека добиле казни за сообраќајни прекршоци и дека ги платиле.
„Скоро да нема ниво на кое што не ми рекло дека, министер, еве функционира, си платив и јас, ми стигна казната“, изјави Тошковски.
Министерот нагласи дека меѓу лицата кои биле санкционирани имало и верски претставници од различни вероисповеди, оценувајќи дека тоа е доказ дека системот за сообраќајна контрола функционира неселективно.
Како пример го посочи и сопствениот случај, истакнувајќи дека ниту една функција не смее да биде причина некој да биде ослободен од одговорност за сторен сообраќаен прекршок.
