Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, реагираше со блокада на собраниската говорница поради поодамна поставено пратеничко прашање поврзано со Законот за правична застапеност.
Премиерот Христијан Мицкоски во текот на седницата и покрај инсистирањето, не ја удостои пратеничката Даути ниту со устен одговор на нејзиното прашање иако таа посочи дека истекол и законскиот рок од 20 дена за писмен одговор.
Пратеничката поради игнорирањето од премиерот подоцна застана на говорницата и нагласи дека нема да се „мрдне“ додека не добие одговор на пратеничкото прашање, а во знак на поддршка ѝ пристапи лидерот на Алијанса Зијадин Села, по што претседателот на собранието Африм Гаши даде половина час пауза, за како што рече, „да се смири пратеничката“.
