Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализација на „Еуродрам 2026“, театарска работилница на Мартин Кушеј и претстави од сопствен буџет, најавува скопскиот Театар Комедија за годинава. Од културната институција информираа дека добиле од Владата 5 милиона денари за реализација на 4 проекти од македонски автори. Од Театар Комедија велат дека доколку дозволат условите, ќе се создадат и неколку претстави од сопствени средства. Првата премиера годинава ќе биде на 27 март, на Светскиот ден на театарот.
Поврзани вести:
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
