Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»ТАВ Македонија: Бројот на патници на двата аеродрома зголемен за пет отсто во првата половина од годинава
    Економија

    ТАВ Македонија: Бројот на патници на двата аеродрома зголемен за пет отсто во првата половина од годинава

    25/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Вкупно 1,5 милиони патника (1.529.451) опслужиле двата македонски аеродрома, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети апостол Павле Охрид во првите шест месеци годинава, при што порастот во однос на истиот период лани е 5 отсто, соопшти ТАВ Македонија.

    Во истиот временски период, бројот на летови е зголемен за три проценти, или македонските аеродроми опслужиле вкупно 12.235 летови од јануари до јуни.

    – Задоволни сме што во првите шест месеци годинава бележиме стабилен пораст на патничкиот сообраќај за што придонесоа 8-те нови редовни авиолинии кои ги отворивме од почетокот на 2025 година досега од скопскиот и охридскиот аеродром, во соработка со авиокомпаниите и Владата како наш партнер. Амстердам (Transavia), Париз-Орли (easyJet), Лион (Wizz Air), Барселона (Wizz Air), Анкара (Ajet), Чукурова (Ajet) и Дијарбакир (Ajet) од Скопје и Истанбул (Turkish Airlines) од Охрид. Покрај редовните и сезонските авиолинии, кон порастот придонесоа и до крајот на годинава ќе продолжат да придонесуваат и чартер-линиите на Фрибрд (Freebird) кои носат туристи од 13 европски градови. Како раководство на ТАВ Македонија, продолжуваме да работиме на отворање нови авиолинии и привлекување нови авиокомпании со цел да почнат да летаат од македонско тло, за да создадеме повеќе разновидни можности за патување за нашите граѓани, како и за граѓните од соседството. Врз основа на барањата на патниците, целиме кон туристички дестинации на шпанското и италијанското крајбрежје, како и европски престолнини важни за нашите економски, дипломатски и културни врски со земјите на поврзување, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

    Како што потенцира Курт, ТАВ Македонија очекува стабилниот пораст на патничкиот сообраќај да продолжи и до крајот од годинава, а специјален позитивен стимул кој ќе придонесе кон годишните бројки на кумулативен авиосообраќај секако ќе има летниот период. Само во јуни, ккао што поосчува, скопскиот и охридскиот аеродром имале за 12% повеќе патници (324.285) во однос на истиот период во 2024 година.

    Полугодишните статистички податоци на ТАВ Македонија покажуваат дека во првите шест месеци најфреквентна дестинација од Меѓународниот аеродром Скопје е Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 17,1% пазарен удел), а потоа следат Базел Милуз (6,6%), Франкфурт (5,7%), Цирих (5%) и Минхен-Меминген (4,6%), Дортмунд (4,5%) и Виена (3,9%).

    Топ-пет земји до кои има најмногу директни летови се Германија (26,5% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (22,6%), Швајцарија (11,6%), Италија (5,4%) и Шведска (4,2%).

    Ако се разгледуваат бројките за Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле одделно, скопскиот аеродром има годишен пораст за 4,47% и во првите шест месеци годинава преку него се превезени вкупно 1,423,039 патници, додека Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 10,9% со превезени 103.792 од јануари до јуни.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.