Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027
    Економија

    Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

    07/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година, од 3 проценти во 2026-та и од 3 отсто во 2027 година се проценките на Светска банка за земјава. Според последниот извештај, разликата во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година е во нагорна линија и изнесува 0,4, 0,3 и 0,2 за овие три години.

    Проценките и прогнозите ги отсликуваат податоците достапни до 20 септември 2025 година.

    Според Светска банка, економскиот раст во Западен Балкан се очекува умерено да забрза во 2026 година и да закрепне до 2027, поддржан од зголемувањето на инвестициите и постепено опоравување на извозот. Според најновиот извештај на Светска банка, објавен денес, за да се одржи напредокот кон приближувањето до Европската Унија, регионот мора да се фокусира на отворање на квалитетни работни места.

    Економскиот раст во Западен Балкан во 2025 година забави бидејќи инфлацијата предизвика намалување на потрошувачката, а зголемената несигурност ги ограничи трговијата и инвестициите и покрај постојаниот раст на платите и на кредитите. Фискалната политика, иако до некаде олабавена, и понатаму е дисциплинирана со дефицит под 3% и јавен долг на надолна траекторија. Редовниот економски извештај за Западен Балкан проектира дека просечниот регионален раст во 2025 година ќе достигне 3,0% што е за 0,2 проценти поени помалку од пролетната проекција. Растот се предвидува да се зголеми на 3,1% во 2026 и на 3,6% во 2027 година. 

    Како што вели Шаокинг Ју, директор на дивизија за Западен Балкан во Светска банка, Западен Балкан напредува во намалувањето на развојниот јаз во однос на напредните економии на Европската Унија, но растот сепак не е доволен за да се затвори овој јаз.

    – За да му се помогне на регионот, важно е да се преформулираат стратегиите за работни места: охрабрување на поголемо учество на пазарот на труд, подобрување на вештините на населението и раст на фирмите преку дигитални надградби, истакнува Ју.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.