Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Сузбиена криминална група осомничена за проневера на над 2,2 милиони евра при регистрација на возила
    Република

    Сузбиена криминална група осомничена за проневера на над 2,2 милиони евра при регистрација на возила

    03/09/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Три лица се лишени од слобода, а против шест физички и три правни лица е поднесена кривична пријава во рамки на голема полициска акција спроведена во Скопје, поради сомнение за проневера во службата, перење пари и несовесно работење во службата.

    Акцијата ја реализирале полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со ОСПО-ЕБР и по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

    При претресите на повеќе локации во Скопје биле приведени С.С. (49), Ш.С. (29) и З.Ѓ. (58), а биле запленети околу 27.735 евра, 38.500 денари, 750 швајцарски франци, 100 американски долари, повеќе мобилни телефони и две патнички возила.

    Според истрагата, С.С., сопственик и управител на компанија од село Кучевиште овластена за технички преглед на возила, во периодот од 2021 до 2026 година изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила. На тој начин, според МВР, се стекнал со противправна имотна корист од 138.877.419 денари, односно околу 2,26 милиони евра.

    Во незаконските активности, според полицијата, учествувал и Д.М. (54), кој како раководител на станица за технички преглед бил задолжен за изготвување фактури и доставување извештаи до надлежните институции.

    Истрагата покажала дека дел од средствата биле пренасочувани преку осигурително брокерско друштво, иако на неговите сметки требало да се уплаќаат само средства поврзани со осигурителни полиси.

    Осомничените Ш.С. и З.Ѓ., како извршни членови на Одборот на директори во брокерското друштво, според МВР, биле запознаени со потеклото на средствата и заедно со С.С. преземале активности за прикривање на нивното потекло преку трансакции, позајмици и купување недвижности.

    Во случајот е опфатена и Т.М. (64), помошник-директор за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта, која, според истрагата, не го извршила потребниот надзор врз уплатите и извештаите, овозможувајќи му на С.С. противправно да присвои 48.434.406 денари по основ на патна такса.

    Кривична пријава е поднесена и против М.Д. (40), овластен сметководител, кој, според полицијата, внесувал невистинити податоци во сметководствената документација и поднесувал даночни пријави и годишни сметки што не ја прикажувале реалната финансиска состојба на компанијата.

    Според МВР, со ваквото незаконско работење биле проневерени вкупно 138.877.419 денари, односно околу 2,26 милиони евра. Од оваа сума, 48,4 милиони денари се на штета на Јавното претпријатие за државни патишта, 1,48 милиони денари на Црвениот крст, 5,58 милиони денари на Министерството за животна средина, додека повеќе од 83 милиони денари се однесуваат на Буџетот и на комуналните такси на општините.

    Против сите осомничени лица и правни субјекти е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

    Поврзани вести:

    Сузбиена криминална група осомничена за проневера на над 2,2 милиони евра при регистрација на возила

    Сузбиена криминална група осомничена за проневера на над 2,2 милиони евра при регистрација на возила

    Во Македонија 27 пожари на отворен простор, активни две жаришта

    Во Македонија 27 пожари на отворен простор, активни две жаришта

    Пожарникарите од Велес по тричасовна борба го изгаснаа пожарот кај Прцорек

    Пожарникарите од Велес по тричасовна борба го изгаснаа пожарот кај Прцорек

    Високи температури и локални невремиња денеска низ Македонија

    Високи температури и локални невремиња денеска низ Македонија

    Авион од Цирих не можеше да слета во Скопје поради невремето, пренасочен кон Приштина

    Авион од Цирих не можеше да слета во Скопје поради невремето, пренасочен кон Приштина

    3.000 денари за секое прваче во Прилеп: Објавен јавниот повик, еве до кога можат да аплицираат родителите

    3.000 денари за секое прваче во Прилеп: Објавен јавниот повик, еве до кога можат да аплицираат родителите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сузбиена криминална група осомничена за проневера на над 2,2 милиони евра при регистрација на возила

    03/09/2026

    Во Македонија 27 пожари на отворен простор, активни две жаришта

    03/09/2026

    Пожарникарите од Велес по тричасовна борба го изгаснаа пожарот кај Прцорек

    03/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.