Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Судија од Кавадарци обвинет дека несовесно постапувал во предмет за извршување затворска казна на осуденик
    Судство (илустрација)
    Хроника

    Судија од Кавадарци обвинет дека несовесно постапувал во предмет за извршување затворска казна на осуденик

    03/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата.

    Обвинетиот, во текот на 2024 година, додека извршувал функција судија за извршување санкции во Основниот суд во Кавадарци со умисла несовесно постапувал во предмет за извршување затворска казна за еден осуден.

    Затворската казна од 3 години и 8 месеци била изречена со правосилна пресуда на Основниот суд во Гевгелија. Меѓутоа, обвинетиот судија, иако примил известување за пресудата на 05.04.2024 година, првиот пат упатниот акт го изготвил со задоцнување и осудениот го упатил на издржување на затворската казна во КПУ Гевгелија, наместо во КПУ Идризово – Скопје согласно висината на изречената казна.

    Потоа, откако гевгелискиот затвор известил дека казната не може да се издржува во таа установа, судијата за секоја одлука што ја носел во предметот ги пробивал законските рокови, се до 04.06.2024 година кога добил известување дека осуденикот не се јавил на издржување на затворската казна во Идризово.

    Иако согласно закон бил должен во таква ситуација во рок од 24 часа да издаде наредба до МВР за приведување на осуденото лице, обвинетиот судија тоа го направил дури на 07.06.2024 година.

    По распишана централна потетница, осуденото лице било пронајдено и лишено од слобода, и започнало да ја издржува затворската казна речиси една година подоцна, на 11.03.2025 година наместо во април 2024 година.

    Поврзани вести:

    Две починати лица пронајдени на различни локации во Скопје

    Две починати лица пронајдени на различни локации во Скопје

    Малолетник кривично пријавен за силување на дете под 15 години и уцена со видео

    Малолетник кривично пријавен за силување на дете под 15 години и уцена со видео

    Поради имотен спор, 75-годишник нападнал 66-годишен жител на Милетино

    Поради имотен спор, 75-годишник нападнал 66-годишен жител на Милетино

    Три лица повредени во тешка сообраќајка кај Белви, учествувале четири возила

    Три лица повредени во тешка сообраќајка кај Белви, учествувале четири возила

    Влегла во дом на 81-годишник и со сила му зела пари, поднесена пријава

    Влегла во дом на 81-годишник и со сила му зела пари, поднесена пријава

    Скопјанец приведен во Гази Баба, полицијата пронашла рачна бомба во неговиот дом

    Скопјанец приведен во Гази Баба, полицијата пронашла рачна бомба во неговиот дом

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    затвор судство
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две починати лица пронајдени на различни локации во Скопје

    03/10/2026

    Малолетник кривично пријавен за силување на дете под 15 години и уцена со видео

    03/10/2026

    Поради имотен спор, 75-годишник нападнал 66-годишен жител на Милетино

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.