Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна од почеток судењето за „Онкологија 2“, кое се води против поранешниот медицински и ексекономскиот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал, поради измена на составот на судечкиот совет.
Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет. Тогаш странките се согласија веќе изведените материјални докази и сослушани сведоци само да се прочитаат и да не се изведуваат повторно.
Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар, a oдбраната на докторот во воведен говор нагласи дека обвинението не се базира на реални докази и се води од претпоставки и вештачки конструкции и дека единствена алтернатива е ослободителна пресуда и ослободување на Васев поради недостиг на докази.
