Фондот за здравствено осигурување во октомври исплатил над 621 милион денари надоместоци на плата по основ на привремена спреченост за работа и породилно отсуство, a рекордни 467 милиони денари се исплатени за надоместоци за породилно отсуство само во последните четири месеци.
Зад овие бројки стои континуитет во реализацијата на правата на осигурениците и јасна определба навремената исплата да стане стандард, а не исклучок, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Особено значајно е, додава Фондот во соопштенеито, што октомвриската исплата за породилни надоместоци бележи раст од над 25 проценти во однос на септември, „потврдувајќи го засилениот обем на реализирани исплати за оваа категорија осигуреници“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
