Министерството за дигитална трансформација информира дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа, со што досега се блокирани 462 страници.
Министерството информира дека овие мерки се насочени кон заштита на граѓаните во интернет-просторот, вклучително и од ризиците поврзани со споделување лични и финансиски податоци на нелегални платформи за игри на среќа. Посебен акцент се става на заштитата на малолетниците и спречувањето на нивната изложеност на онлајн коцкање – соопшти Министерството.
Оттаму апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични и финансиски податоци на непроверени веб-страници.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
