Од денеска Нафтената индустрија на Србија – НИС, е под санкции на САД, по повеќекратни одложувања од јануари годинава. Компанијата е ставена на американската санкциска листа поради нејзиното мнозинско руско сопствеништво и ризикот од финансирање на руската воена индустрија. Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија веќе нема што да разговара со САД и дека проблемот ќе го решава со Русија. Според експерти, санкциите може да предизвикаат проблеми со снабдувањето со нафта, повисоки цени и економски загуби, кои веќе се забележуваат во работењето на компанијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
