Компаниите во Србија кои произведуваат цемент, железо, челик, алуминиум, вештачко ѓубриво, но и електрична енергија, класифицирани како „големи загадувачи“ ќе плаќаат данок на загадување од 1 јануари наредната година. Предвидена е наплата на надомест од 4 евра по тон јаглерод, а со плаќањето на националниот данок, локалните компании треба да бидат ослободени од плаќање на скапиот европски данок кој изнесува 90 евра по тон, кој исто така стапува на сила на 1 јануари 2026 година. Министерството за финансии наведува дека целта на воведувањето на овој данок е да се охрабрат компаниите да инвестираат повеќе во обновливи извори на енергија, зелена градба и декарбонизација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
