Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска во Њујорк во 14 часот по средноевропско време, ќе одржи вонредна седница за ситуацијата во Либан.
Дипломати изјавија дека се очекува и гласање за нацрт-резолуција што ја предложи Бахреин во име на земјите членки на Советот за соработка на земјите од Заливот.
Нацрт-резолуцијата повикува на итен прекин на иранските напади врз земјите од Заливот и другите соседни држави, како и на прекин на користењето посреднички вооружени групи.
Меѓу групите кои имаат поддршка од Иран се Хезболах во Либан и Хутите во Јемен.
Хезболах повторно почна да изведува ракетни напади врз Израел пред околу една недела, како одговор на израелското убиство на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, што поттикна големи израелски напади врз Либан.
