Парламентарното собрание на Советот на Европа преку резолуција ги повика властите во Софија да постигнат напредок во спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Oсобено e нагласено дека забелешките се однесуваат на одбивањето да се регистрираат здруженија на лица кои се изјаснуваат како етнички Македонци. Власта во Софија се повикува на соработка со Комитетот на министри на Советот на Европа за спроведување на пресудите, при што експлицитно се споменуваат случаите „ОМО Илинден и други против Бугарија“ и слични предмети. Инаку нашиот источен сосед не спровел ниту една од вкупно 16-те пресуди од Стразбур со кои е утврдено кршење на правото на слободно здружување на Македонците. Првата пресуда датира дури од 2001 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: