– Сакаме да ја информираме целата јавност дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје кога се работи за Зоолошката градина и сето она кое требаше да биде изгласано и донесено како предлог до нас, сето тоа беше поминато и уредно навремено изгласано. Субвенции, неколку пати го субвенционираме ова јавно претпријатие, развојната, инвестиционата програма, дел од вработувањата, се е поминато од страна на нас како советници, но проблемот со функционирањето на Зоолошката градина сепак гледаме до каде не доведе. Таа е една темна приказна кадешто за пократко време умираат повеќе од 40 егзотични животни под нерасчистени околности. Исто така сакаме да потенцираме дека и во вчерашниот ден на моја пријава до АХВ, веднаш постапи и направи вонреден инспекциски надзор – вели Кирков.
Според нивни сознанија, биле констатирани низа прекршоци и изречена била финансиска казна за правниот субјект и за директорот поради тоа што сакале да ја прикријат смртта на две лами кои починале неодамна, а за кои е констатирано дека имале заразна болест туберкулоза, болест која, како што вели, е пренослива и на луѓе . Исто така, од АХВ било констатирано дека и останатите две лами имаат симптомите на туберколоза и наредено ббило веднаш да бидат изолирани од посетители и од останатите животни.
– Во оваа установа се работи тотално аматерски и тоа навистина е загрижувачки, нека оваа наша посета и посетата на АХВ бидат аларм да се направи некоја измена и да почне да се работи онака како што треба, за да не дојдеме до ситуација да се прогласи епидемија и повторно оваа установа да доживее, да има клуч на својата врата. Бараме веднаш оставки од целиот менаџмент на установата како и брза реакција на градоначалничката поради тоа што сите препораки на АХВ ќе доведат и до клуч на оваа установа поради небезбедни услови. Скопје не заслужува да му се случува ова, а Зоолошката градина се наоѓа во срцето на Скопје. Таа е една од најстарите зоолошки градини во Европа и во моментов како што кажав ги доживува своите најтемни денови од своето постоење. Алармираме веднаш да се преземе нешто, под итно одговорност, и ги уверуваме сите дека за многу кратко време од сега доаѓаат и многу поубави денови за Скопје ЗОО – наглаџси Кирков.
