Семејна расправија во скопската општина Гази Баба прераснала во физичка пресметка меѓу сопружници, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 3 октомври 2026 година околу 16:25 часот во СВР Скопје. Во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање поврзано со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 31-годишен маж и 33-годишна жена, двајцата од Скопје.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
