Утрово времето ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а утринските температури ќе се движат од -2 до 7 степени. Во најтоплиот дел од денот се очекуваат максимални температури од 18 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 3 степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.
Според прогнозата на УХМР, за време на викендот ќе преовладува сончево и стабилно време. Од понеделник се очекува сончево време со променлива облачност во текот на денот.
Утрата и во наредните денови ќе останат ведри и студени, при што на повеќе места температурите повторно ќе се спуштаат под нулата.
