Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
    Република

    Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

    17/12/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Собранието со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ попладнево ја донесе „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во образложението истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна, доследна и непроменлива политика против нелегалната миграција. Потенцира дека Владата никогаш не побарала, не договорила и нема да дозволи изградба на мигрантски кампови или трајно сместување мигранти на територијата на општините во државата. Со оваа Резолуција, како што посочи, се става крај на сите шпекулации и намерно пласирани невистини кои ги слушаме.

    Мицевски нагласи дека Резолуцијата има и јасна превентивна улога – таа испраќа порака дека прашањата поврзани со безбедноста, миграцијата и јавниот мир не смеат да бидат предмет на лаги и политички конструкции.-Република Македонија се наоѓа во состојба на десет дена континуирана дезинформација по одредени теми и од таа причина, една од мерките којашто ние како одговорно владејачко мнозинство имаме да го преземеме е да укажеме на граѓаните дека она што го тврди дел од опозицијата, и од таа причина јавноста којашто беше изложена на организирана и координирана кампања на дезинформации и манипулации со коишто дел од опозицијата свесно создаваше страв, несигурност и паника кај граѓаните преку лажни тврдења за наводно прифаќање на мигранти и изградба на мигрантски кампови, се настојуваше да се урне довербата во институциите и да се злоупотреби чувството на безбедност на граѓаните за дневнополитички цели. Овие лажни сценарија немаат никаква основа во реалноста и не соодејствуваат ниту со политиките на парламентарното мнозинство, а со тоа ниту на владините политики. Напротив, парламентарното мнозинство и власта имаат јасна и доследна и непроменета политика против нелегалната миграција. Владат никогаш не побарала, не договорила и нема да дозволи изградба на мигрантски кампови или трајно сместување на мигранти на теритоирјата на општините, бидејќи се има обид да се симне оваа тема на општинско ниво и нема да дозволи да се случува никаде во државата, изјави Мицевски.

    Од таа причина, нагласи Мицевски, како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поддржан од колегите од Вреди и ЗНАМ, ја барам вашата поддршка да ставиме, како што рече, еднаш засекогаш крај на штетната реторика со прифаќање на оваа резолуција.

    Пратеникот Малиша Станковиќ од СПМ, дел од Коалицијата „Твоја Македонија“, рече дека ова прашање не треба да се користи како дневно политичка алатка, но за жал, како што нагласи, тоа се прави од опозицијата.

    Пратеничката Јована Мојсовска од Левица, во реплика, рече дека единствен аргумент за „оваа лошо склопена резолуција“ е дека „премиерот Мицкоски ветил“.

    – Ако за Вас секој збор што премиерот Мицкоски ќе го каже е релевантен, тоа апсолутно не важи за нас и ние го имаме целосниот легитимитет, да имаме и тоа како скепса и дилема за она што го ветува премиерот. Јас апсолутно се сомневам во изјавите на премиерот, не затоа што доаѓам од опозицијата, туку затоа што тоа го покажува емпиријата… апсолутно имаме целосен легитимитет да не веруваме во неговите најави дека ќе понесе политичка одговорност доколку се покажат спротивни тврдења за мигранти, затоа што во изминатата година и половина не видовме никаква политичка одговорност за се што говоревте во опозиција, а сега ревносно го продолжувате, изјави Мојсовска.

    Пратеникот и координатор на претеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, рече дека резолуцијата има превентивна улога, испраќајќи порака дека прашањата за безбедност, миграцијата и јавниот ред не смеат да се манипулираат за политички придобивки.

    -Оваа резолуција не и се обраќа на опозицијата во целина, туку на опозицијата која се труди на секој недозволив начин да придобие политички поени на грбот на граѓаните и да создаде политичка нестабилност. Оваа резолуција е најсериозниот и најоштриот одговор како демократско средство, изјави Ќоку.

    – Во ниту една развиена демократска држава нема да најдете резолуција со која мнозинството ја осудува опозицијата, зошто самата суштина на демократијата е во правото на несогласување, во правото на критики, во правото на поставување тешки прашања. Кога парламентот донесува резолуција против опозицијата, тогаш престануваме да бидеме демократска и влегуваме во опасни води на авторитаризмот, изјави Мурати.

    Членовите на собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, претходно денеска на седница дадоа поддршка за Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

    Поврзани вести:

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    резолуција собрание
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    03/10/2026

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    03/10/2026

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.