Шеесет и осумгодишен жител на Скопје се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Дижонска“ во скопската населба Чаир, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, несреќата била пријавена на 5 ноември околу 15 часот, кога товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б. Л. од Скопје, удрило во пешакот Л. М. (68) од Скопје.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
