Викендов Босна и Херцеговина се соочи со сериозно невреме. Снег, дожд и поплави го парализираа северот на земјата, предизвикувајќи прекини на електричната енергија и блокирани патни правци. Поројните дождови ја зголемија опасноста од излевање на реките, особено Тиња и Брка во областа Брчко, каде патниот сообраќај е делумно стопиран. Иако ситуацијата се уште е под контрола, властите предупредуваат дека топењето на снегот во наредните денови може дополнително да ги отежни
условите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
