Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Снегот утрово го отежна сообраќајот на повеќе патни правци во Македонија
    Република

    Снегот утрово го отежна сообраќајот на повеќе патни правци во Македонија

    08/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Поради врнежи од снег, утрово во 05:15 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП Ќафасан.

    Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се регистрирани во Куманово, Страцин, Крушево и Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Засега, снегот не претставува сериозна пречка за одвивање на сообраќајот.

    Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    Од 10:00 часот денеска, на ГП Ники (Меџитлија) ќе биде воведена забрана за движење на товарни возила, која ќе трае 48 часа, односно до 10 јануари во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички возила ќе се одвива без ограничувања.

    ЈП Македонијапат информира дека на магистралниот пат А3 Битола – Ресен, кај самиот влез во Ресен, поради обилни врнежи од дожд и можност од излевање на Голема Река, се препорачува исклучително внимателно управување со возилата. Иста препорака важи и за патниот правец Царев Двор – Стење, каде постои ризик од излевање на локални реки.

    Во сила останува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема. АМСМ апелира на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и зголемена внимателност, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои опасност од одрони.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.