Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа објави дека безбедносните
служби во државата се во потрага по двајца снајперисти кои пристигнале
во Белград.
„Кои се тие и кои им се целите – не знаеме. Но, знаеме дека пристигнале,
знаеме и од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат
да го решат тоа”, изјави тој.
Во овој контекст, Вучиќ рече дека постои само еден начин на кој можат да
го победат, бидејќи добро знаат дека на избори не можат.

