Словенечката влада, со закон, наложи исплата на задолжителен божиќен бонус за сите вработени во јавниот и приватниот сектор. Бонусот од 639 евра мора да биде исплатен најдоцна до 18 декември.
Бонусот нема да биде задолжителен само оваа година, туку ќе стане трајна законска обврска, ќе изнесува половина од бруто минималната плата и ќе биде ослободен од данок.
Работодавците реагираа на владината одлука. Тие бараат божиќниот бонус да остане доброволен, како и досега.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

