Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски
    Политика

    Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

    08/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Наредните два изборни циклуси – локалните избори кои следат, и парламентарните избори-кога и да се одржат, ќе бидат борба за две големи работи од кои зависи иднината на државата. Првата е правдата и борбата против системот кој ги штити криминалците, против криминалот и корупцијата, а втората спроведување реформи. Борба ќе има и за враќање на Македонија на вистинскиот пат, за враќање на нејзиното достоинство, нешто што минатата власт не го направила – рече вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 34. Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

    Според него, следуваат избори на кои ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата убедливо ќе победат и ќе испратат порака дека времето на Македонија доаѓа, а завршува времето на деструкцијата, негрижата, криминалот, распородажбата на македонските интереси.

    Ја слушам опозицијата, рече Мицкоски, се фали како ги поставила темелите на државата.

    -Затоа одовде сакам да ги прашам кои темели ги градевте вие. Дали оние кога во времето на транзицијата ја ограбивте и опустошивте Македонија, кога нашите родители губеа работа, кога имаа неизвесна егзистенција за себе и своите семејства. Дали за тие темели зборувавте или пак за оние темели кога го менувавте името, знамето и го прифаќавте срамниот договор со Бугарија ставајќи ја Македонија во поредена улога, праша Мицкоски.

    Тој додаде дека претходната власт, сега опозиција е уплашена затоа што знае дека оваа генерација, оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изминатите година дена врати голем дел од позициите на меѓународен план од тоа што тие од СДСМ го продадоа.

    -И денеска со гордост ја раскажуваме нашата приказна за Македонија во Минхен, победуваме и во Берлин и во Лондон и во Брисел и во Вашингтон, зборуваме за нашата Македонија. Тоа ги боли затоа што се кукавици и знаат што направија и затоа што знаат какви шајки коваа на рацете на македонскиот идентитет, а ние го враќаме. Ќе се бориме целосно да го вратиме. Не знам дали ќе успее да го врати оваа генерација, но знам дека ќе оставиме на вас, на генерациите кои доаѓаат подлога да сето она што овие од СДСМ го продадоа, достоинствено со крената вглава да го вратите за Македонија и македонските граѓани, истакна македонскиот премиер.

    Тој се осврна и на Резолуцијата за Македонија што треба да биде донесена во Брисел и истакна оти позади нас се денови кога се бореле таа да биде усвоена, бидејќи во неа за првпат од осамостојувањето на нашата татковина се зборува за посебен македонски вековен идентитет, за посебен македонски јазиј за наследство кое е старо со векови…

    -Кога не гледаа како се бориме молеа бога да не успееме. Кога гледаа како аргументираме и на маса ја добиваме битката се молеа да не успееме. Им олесна кога Во Брисел одлучија извештајот да го поместат за 24 јуни. Но, нема бегање. Тој извештај ќе биде усвоен затоа што цела Европа и Брисел знаат за вековниот посебен македонски идентитет и македонски јазик и тоа ќе го поддржат, рече Мицкоски.

    Смета дека политиката на СДСМ и коалицијата е политика без вредности, оти тоа, рече, се национално исплакнати луѓе, кои ги интересира само материјалното, парите и моќта и оти би потпишале и прифатиле се само да бидат оставени на власт или повторно да ја освојат.

    Тој се осврна и на ДУИ, која беше дел од претходната влада, и потсети оти го исполниле своето ветување оти оваа партија нема да биде дел од новата влада туку опозиција.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Муцунски трчаше 6 километри низ Скопје со белгискиот министер за надворешни работи

    16/04/2026

    Левица обвини за партизација и притисоци во министерството за земјоделство

    16/04/2026

    ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ и Венко Филипче пет дена ја слават победата на Маѓар во Унгарија

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.