Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“.
Во периодот од 17 до 21 август биле земени по 206 примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа.
Примероците биле земени од вкупно 47 мерни места на територијата на главниот град. Од претпријатието информираат дека сите анализирани примероци ги исполнуваат пропишаните барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
