На социјалните мрежи деновиве се споделува листа на европски метрополи според чистотата, на која Скопје е втор меѓу градовите со најголем проблем со ѓубрето, веднаш зад Рим.
Сепак, не станува збор за официјална студија и не е познато според кои критериуми е направено рангирањето, па листата треба да се гледа како вирален тренд, а не како релевантна оценка. На врвот меѓу најчистите се Луксембург, Виена и Љубљана, додека со Скопје на негативната страна се Атина, Софија, Париз, Букурешт и
Белград. Во главниот град и натаму има поплаки за преполни контејнери и нередовно собирање на отпадот во одредени населби.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави пристигнување на повеќе од 3.000 нови контејнери на почетокот на септември и нови камиони за собирање отпад, со очекување до
крајот на следниот месец значително да се подобри хигиената во Скопје.
