Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Скопје се сеќава: Одбележување 62 години од катастрофалниот земјотрес
    Скопје

    Скопје се сеќава: Одбележување 62 години од катастрофалниот земјотрес

    26/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени.
    Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, денеска во 10 часот делегации од Собранието и од Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта Бутел.

    Во Музејот на град Скопје, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа”. Поставката ќе биде од траен карактер достапна за секој посетител во музејот. Градот како и секоја претходна година се сеќава на катастрофалниот земјотрес во 1963 година што засекогаш го промени.

    Скопскиот земјотрес во 1963 година е познат како една од најголемите трагедии кои се случиле во историјата на Градот, но истовремено и шанса светот да ја покаже својата солидарност и да помогне во опоравувањето на заедницата.
    Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.

    По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат достава на храна, а Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарни организации од многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

    На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание на дневен ред да стави точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје по што на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

    На 14 октомври, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската Влада при реконструкцијата на Скопје. Во дебатата, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

    Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 – 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.

    Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат.

    Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 62 година, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“.
    Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина. Во спомен на загинатите, секоја година на градските гробишта Бутел, се положува цвеќе на паметникот, во спомен на загубените животи во катастрофата.

    Поврзани вести:

    Општина Центар одбележува 50 години од постоењето

    Општина Центар одбележува 50 години од постоењето

    Општина Карпош спроведе мерења на квалитетот на воздухот на повеќе локации

    Општина Карпош спроведе мерења на квалитетот на воздухот на повеќе локации

    ЕВН најави прекин на струјата во Арачиново, Мојанце, Орланце и Горно Соње

    ЕВН најави прекин на струјата во Арачиново, Мојанце, Орланце и Горно Соње

    Ѓорѓиевски и Сулејмани разговараа за подготовките на Скопје за титулата Европска престолнина на културата 2028

    Ѓорѓиевски и Сулејмани разговараа за подготовките на Скопје за титулата Европска престолнина на културата 2028

    Онколошките пациенти ќе добијат поддршка од Град Скопје во износ од 6.000 денари

    Онколошките пациенти ќе добијат поддршка од Град Скопје во износ од 6.000 денари

    Неколку улици во Чаир без вода поради дефект на водоводна цевка

    Неколку улици во Чаир без вода поради дефект на водоводна цевка

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    земјотрес скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Општина Центар одбележува 50 години од постоењето

    12/09/2026

    Општина Карпош спроведе мерења на квалитетот на воздухот на повеќе локации

    11/09/2026

    ЕВН најави прекин на струјата во Арачиново, Мојанце, Орланце и Горно Соње

    11/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.