Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, потврди дека нема да настапи на претстојниот Мастерс турнир во Шангај поради повреда на коленото.
Италијанскиот тенисер веќе пропушти неколку турнири поради истиот проблем, а неговото отсуство дополнително ја зголемува неизвесноста околу тоа дали ќе успее да го задржи првото место на АТП-листата.
„За жал, годинава нема да можам да играм во Шангај, иако до последен момент се надевав дека ќе бидам подготвен. Секогаш е посебно чувство да се настапува пред навивачите таму и жал ми е што нема да можам да бидам дел од турнирот“, порача Синер.
Синер го освои трофејот во Шангај во 2024 година, кога во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ. Минатата сезона титулата сензационално му припадна на тенисерот од Монако, Валентин Вашеро.
Годинашното издание на Мастерсот во Шангај ќе се одржи од 7 до 18 октомври.
