Се одржа денеска долгочекуваниот состанок на претставници од Владата и од синдикалците при УПОЗ.
-Владата го прифати барањето на УПОЗ, но не во целост, но важно е дека се прифати да се исплаќаат додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството, изјави претседателот на синдикатот Трпе Деановски. по средбата со премиерот Христијан Мицкоски и други владини претставници.
Тој посочи дека како што најавувале минатата година, зголемувањата ќе бидат на неколку години, односно на три рати.
-По 8 проценти за жал, не по 10. Пак ќе повторам за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа еве Владата прифати да ги исплаќа од сега со почеток од месец март, преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителства… ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право, рече Деановски.
Денешната средба следуваше откако премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ потврди дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.
