Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силна експлозија што во текот на ноќта се случи пред филијала на банка во Солун. Од експлозијата нема повредени лица.
Според државната телевизија „ЕРТ” експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост од над еден километар, а најмалку седум паркирани автомобили и објектите во околината претрпеле материјална штета.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
